Нашата приказна
Како се запознавме
На 21 август 2018 година, кога Оана штотуку заврши со изведба на приказна во Мезраб, локално место и бар, ѝ пријде еден Македонец кој ќе стане важен дел од нејзиниот живот. Тој човек беше Горјан, кумот на брачниот пар, кој брзо го претстави својот најдобар пријател, идниот младоженец. По малку ласкање, неколку шеги и ветувања за нова маица инспирирана од балканската кујна, Димитар го доби бројот на Оана. И да, таа ја доби својата маица.
Единствената причина зошто воопшто го знаеме датумот на овој ден, е затоа што нашиот сведок и деверуша, Си, исто така беше таму таа вечер и успеа да ни даде неверојатен подарок: фотографија од последниот момент пред нашите животи засекогаш да се променат.
Нашиот прв состанок
На 14 октомври 2018 година, планираната 3 члената дружба се претвори во пријатен тет-а-тет кога Горјан имаше „неочекувана работа” во последен момент. Се запивме бокали Moscow Mule (пијалок во кој ќе можете да уживате за време на нашиот прием) и останатото е историја.
Ова е и датумот што го сметаме за наша годишнина.
Како она го запроси
Оана го запроси Димитар за партнерство, со пар манжетни од метеорит кои ќе се на неговите ракави за време на нивната венчавка.
Тие станаа регистрирани партнери на 2ри ноември 2020та година (дата на која е и брачната годишнината на родителите на Оана), за време на мала пандемиска-шик церемонија со нивните 3 сведоци: Си, Мина и Павел.
Како он ја запроси
Димитар ја запроси Оана на прекрасниот кањон Матка, опкружен со нивните родители, нивниот кум и еден од нивните најдраги пријатели. Прстенот некако испадна токму она што таа го сакаше, иако беше целосно изненадување, а моментот проследен со аплауз од група туристи што минуваа. Одма после кој облаците конечно го испуштија долго држениот летен дожд, младоженците се упатија назад кон своите автомобили, облеани во радост и топлина.
Како потпишаа
Оана и Димитар се легално во брак од 14ти март 2023та година. Потпишувањето се одржа во нивната локална општинска канцеларија во Димен, поддржани од нивните родители (лево надесно: Зоран, Ирена, Кармен и Кристи).
Церемонијата беше кратка, брза и речиси воопшто не се случи, бидејќи холандскиот прагматизам значеше дека службениците треба да бидат убедени дека потпишувањето на брак на истиот штанд каде што може да ја земете возачката дозвола, можеби сепак не е најромантична работа. И дека да, иако сте регистрирани партнери, сепак би сакале да ја одбележите транзицијата кон брак, дури и ако тие се „во основа иста работа“.
Денот, друштвото и делот да се биде во брак со твојот најдобар пријател, беше сè она што тие секогаш го посакувале.